Search

Најмалку седум цивили загинаа во експлозија на бомба во авганистанската провинција Кундуз

Најмалку седум цивили загинаа во експлозија на подметната бомба крај пат во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска локалните власти, пренесе ДПА.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата за германскаста агенција изјави дека во инцидентот се повредени уште шест лица, откако нивниот мотоцикл доцна синоќа бил погоден од бомба во областа Кан Абад.

Сите жртви биле млади луѓе од провинцијата Бадакшан, кои работеле како работници на земјоделско земјиште во Кундуз.

Според локалните власти, областа е под контрола на талибанците.

Талибанците имаат се нагласано присустни во многу делови на покраината и во последните неколку недели организираа голем број смртоносни напади врз авганистанските безбедносни сили.

И талибанците и авганистанската Влада ги намалија воените тензии по примирјето за време на трите дена одморот за Рамазан Бајрам, дополнува ДПА.

За време на војната и конфликтот во Авганистан животот го загубија илјадници цивили.

Треба да знаете
Последни објави