Search

Најмалку седум лица починаа од колера поради недостаток на чиста вода за пиење на Хаити

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити, откако болеста ненадејно се врати поради недостаток на гориво и чиста вода за пиење поради блокадата на земјата од криминални банди.

„Според информациите што ги имаме, бројот на починати се движи околу седум или осум. Денеска е забележан еден смртен случај“, велат надлежните, додавајќи дека е тешко да се добие информација од болниците.

Новиот случај на колера е откриен две години откако оваа карипска земја закрепна од епидемијата на колера која избувна во 2010 година и однесе околу 10.000 животи, а за чиешто избувнување се обвинуваат мировниците на Обединетите нации испратени на Хаити,пренесе Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави