Search

Најмалку седум загинати во експлозија на граната на свадба

Најмалку седум лица загинале, меѓу кои и три деца, додека десетици беа повредени во експлозија на граната на свадба во главниот град на Судан, Картум, соопштија официјални извори.

Министерството за здравство на Судан соопшти дека имало расправија помеѓу две лица на свадба, по што едно од лицата што учествувале во расправијата фрлило граната што експлодирала.

АП известува дека на интернет се шират снимки од повредените, покриени со крв и завои, на кои им даваат помош во болница.

Американската агенција соопшти дека ваквите инциденти се ретки во Картум, но дека во текот на последните две недели полицијата открила најмалку три лица убиени под нејасни околности во различни делови на градот.

Треба да знаете
Последни објави