Search

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Пљешевица, се сериозно повредени, а неколку од нив и колабирале од дехидрација и исцрпеност, поради што синоќа се донесени во болница во Госпич, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите, во болницата биле донесени четири жени со седум деца на возраст од една до 10 години. Од жените две се бремени и се задржани во болницата.

„Децата се прегледани, рехидрирани и затоплени, а две жени се предадени на полицијата за понатамошна постапка. Две жени, двете во напредна бременост, уште денеска ќе останат во болница“ изјавила директорката на болницата во Госпич, Сандра Чубелиќ.

Екипи на пограничната полиција и припадници на Специјалните единици вчера на подрачјето на планината Пљешевица, во тешки временски услови, пронашле повеќе лица, на кои им била потребна медицинска помош.

Треба да знаете
Последни објави