Search

Најмалку седуммина загинати во напад на фабрика во Триполи

Најмалку седум работници загинаа, а најмалку 15 се повредени во воздушниот напад на фабриката за бисквити во главниот град на Либија, Триполи, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека меѓу жртвите биле пет странски државјани.

Во соопштението се наведува дека нападот се случил во квартот Вади ел-Рабие во јужниот дел на градот, пренесува АП.

Триполи од април е средиште на борби помеѓу самопрогласената Либиска народна армија и повеќе милиции поврзани со меѓународно признатата, но слаба влада која го контролира главниот град.

Уличните борби престанаа во последните неколку недели, но обете страни продолжија да разменуваат минофрлачки напади на јужните делови од градот.

Стотици луѓе загинаа во борбите, а илјадници се раселени.

Треба да знаете
Последни објави