Search

Најмалку петмина загинаа во експозија од плин во зграда во Словачка

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов, јави словачката агенција ТАСР.

Околу 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде после експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери.

Градоначалничката на Прешов Андреа Турцанова изјави дека има голем број повредени, во најголемата трагедија во градот во последните 50 години. Голем е бројот и на оние кои останаа без покрив над главата.

– Подготвени се над 130 кревети за оние кои останаа без покрив над главата, од кои дел се во локалната гимназија, а дел во објект за домување, изјави портпаролката на Министерството за одбрана Данка Цапакова.

Здравствените власти информираа дека хоспитализирани се девет лица, а на многумина е пружена лекарска помош, вклучително и психолошка помош за оние кои останаа без своите домови.

Треба да знаете
Последни објави