Search

Најмалку десетмина убиени во самоубиствен напад со автомобил-бомба во Могадишу

Најмалку десет лица се убиени, а  неколкумина се ранети во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на претседателската палата во Могадишу, соопшти полицијата.

Меѓу убиените има и војници и цивили.

Полицијата соопшти дека целта на бомбашот бил воен контролен пункт во близина на задниот влез на палатата.

По првата експлозија, во близина се слушнала и втора, а чуст чад се ширел над престолнината на Сомалија. Причината за втората експлозија допрва треба да се утврдува.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Инаку, екстремистичката група Ал-Шабаб, која е поврзана со Ал-Каеда, често го напаѓа Могадишу.

Треба да знаете
Последни објави