Search

Најмалку деветмина загинати во стампедо во Сао Паоло

– Девет луѓе денеска загинаа во стампедо во предградие на бразилскиот град Сао Паоло откако двајца осомничени, кои ги бркала полицијата, влетале помеѓу насобраниот народ кој присуствувал на улична забава.

На забавата имало околу 5.000 луѓе, а седуммина се повредени и хоспитализирани.

Осомничените на мопед бегале и при тоа пукале врз полицијата.

Портпаролот на полицијата Емилиано да Силва Нето изјави дека одредени лица кои присуствувале на забавата фрлале со камења и шишиња врз полицајците, а тие возвратиле со солзавец при што настанало стампедо во кое девет луѓе се прегазени до смрт.

Треба да знаете
Последни објави