Search

Најмалку две жртви во израелските напади врз Газа

Палестински медицински претставници соопштија дека во израелските воздушни напади во северниот дел на Појасот Газа се убиени две, а ранети три лица

За сега не е јасно дали станува збор за екстремисти или цивили, а претставниците рекле дека се работи за мажи од 20-тина години.

Израелското Министерство за одбрана претходно информира дека израелски воени авиони нападнале позиции на терористи во Газа. Во нова ескалација на насилството, израелските сили за одбрана соопштија дека авијацијата почнала да напаѓа „терористички цели во Појасот Газа” откако палестинските екстремистички организации Хамас и Исламски џихад во заеднички напад од Појасот Газа истрелаа 80 гранати во јужниот дел на Израела, во знак на одмазда поради синоќешното убиство на седум припадници на Хамас.

Меѓу убиените бил и еден од командантите на Хамас.

Израелски медиуми јавија дека Палестинци отвориле оган со минофрлачи од Газа и уништиле автобус во Израел, во близина на границата. Според најновите информации, во нападот биле повредени шест луѓе, меѓи кои и еден 19-годишен човек кој е во критична состојба.

Во Појасот Газа денеска во присуство на илјада луѓе беа погребани седумте припадници на Хамас, а за време на погребот вооружени лица во маскирни униформи извикувале „одмазда”.

Треба да знаете
Последни објави