Search

Најлош ден за берзите во САД во 2019 година

Берзите во САД синоќа го затворија тргувањето со пад од околу три отсто, што е најлош резултат од почетокот на годината, предизвикан од стравувањата од рецесија во земјата и слабите статистички податоци што доаѓаат од Германија и Кина.

Во текот на берзанските купопродажби вчера профитноста на двегодишните американски хартии од вредност се зголемија многу повеќе од профитноста на стандардните 10-годишни американски благајнички записи, хартии од вредност издавани од Министерството за финансии. Ова се случува за првпат од 2007 година и според експертите е знак дека почнува рецесија.

Аналитичарите оваа состојба ја нарекоа „хистерија” на светските финансиски пазари. Цените на нафтата што вторникот го завршија со скок од пет отсто, синоќа паднаа за повеќе од пет отсто.

Општо земено, синоќа поднаа индексите на речиси сите главни светски берзи.

Разгорената трговска војна со Кина на администрацијата на претседателот Доналд Трамп е една од причините за опасноста од рецесија, бидејќи постојат стравување од одлучни возвратни мерки од страна на Кина.

Треба да знаете
Последни објави