Search

Најлош ден во Италија, починаа 969 лица

– Во последните 24 часа во Италија починаа 969 лица од новиот коронавирус, а регистрирани се 5.909 новозаразени. Со тоа вкупниот број на смртни случаи достигна 9.134, а потврдени се 86.498 заболени.

– Тоа е најголем број на починати луѓе во еден ден, соопшти Службата за цивилна заштита во Рим.

Вкупно 10.950 лица се хоспитализирани во болниците откако биле заразени со Ковид-19, а 3.732 се наоѓаат на интензивна нега.

Најтешка е ситуацијата во регионот Ломбардија, каде во последните 24 часа починаа 541 лице.

Шефот на националниот здравствен институт Силвио Брусаферо истакна на денешната прес-конференција дека Италија се уште го нема достигнато пикот на заразата од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави