Search

Најлесни задачи во осминафиналето од Купот на Македонија имат Вардар и Академија Пандев

На фудбалската мак-сцена поладнево со почеток во 14 часот се играат седум од осумте натпревари од осминафиналето во Купот на Македонија. Лидерот во прволигашката конкуренција Струга Трим Лум, на домашен терен го пречекува Работнички, кој доаѓа мотивиран по триумфот против Брегалница во Штип.

Шкендија на домашен терен ќе го пречека Скопје, а Тиквеш во Кавадарци е домаќин на минатогодишниот финалист Силекс. Актуелниот шампион Шкупи на Чаир ќе игра против амбициозниот второлигаш Воска.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар има релативно лесна задача против третолигашот Фортуна, а Академија Пандев за противник го има Љуботен. Брегалница по поразот од Работнички ќе бара поправен во Штип против Пелистер.

Натпреварот меѓу Победа и Македонија ЃП е одложен поради настапот на младинците на Победа во Лигата на шампионите. Овој меч е презакажан за 19. октомври.

 

Треба да знаете
Последни објави