Search

Наједноставен рецепт за сладолед од праски

 Потребни ви се само три состојки за одличен вкус.

Искористете ги праските додека ги има оваа сезона.

Потребни состојки:

3 банани

3 праски

Пола шолја млеко (обично, кокосово, бадемово)

Бананите и праските исечете ги на парчиња и ставете ги да стојат во замрзнувач 30 мин – 3 часа (зависно од тоа колку време имате). Потоа сите состојки ставете ги во блендер и убаво миксирајте додека не добиете кремаста текстура. Ставете во фрижидер, а потоа можете да пробате по неколку часа.

Треба да знаете
Последни објави