Search

Најдолговечниот градоначалник во Германија се пензионира

Најдолговечниот германски градоначалник, Јозеф Ридел од градот Виндхаген во покраината Рајна Палатинат, во југозападниот дел, по 56-годишен мандат и полни 94 години се пензионира.

Тој доброволно ја извршуваше должноста на градоначалник, без надоместок, а канцеларија му беше дневната соба.

Градоначалник на Виндхаген, град со 4.200 жители, за прв пат стана во 1963 година, кога канцелар бил Конрад Аденауер, според хрватскиот портал „Индекс“.

Легендарниот германски канцелар, кој живеел во блискиот Рендорф, Ридел го снабдувал со компири.

Ридел објави дека следната недела нема да се кандидира за локалните избори и дека неговата последна задача ќе биде нивниот надзор.

Тој истакна дека потоа ќе посвети поголемо внимание на грижата за внуците и правнуците.

Треба да знаете
Последни објави