Search

Најдени телата на тројцата планинари што загинаа во лавина во Канада

Телата на тројца професионални планинари кои во четвртокот загинаа во лавина на канадските Карпести планини, беа пронајдени.

Хансјорг Ауер (35) и Дејвид Лама (28), од Австрија, и Џес Роскели (36) од САД, беа пријавени за исчезнати и се сметаат за мртви.

Светски познатите планинари се обидуваа да се искачат на една предизвикувачка патека во Националниот парк „Банф“.

Лама и Ауер се имаат искачено на некои од најтешките планински патеки низ целиот свет. Роскели е познат по тоа што го искачи Монт Еверест на 20-годишна возраст во 2003 година, што го направи најмладиот човек во тоа време кој се искачил на највисоката планина во светот.

Нивните тела беа пронајдени во неделата. Тројцата беа дел од тим искусни спортисти спонзорирани од американската компанија „The North Face“.

Треба да знаете
Последни објави