Search

Најголем процент за дуел во осминафиналето има двојката Барселона – Челзи

Ждрепката за осминафиналните двојки од фудбалската Лига на шампионите ќе се одржи в понеделник на 16 декември, точно напладне во Нион. Привилегирани во првиот барабан се победниците од осумте групи: ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, РБ Лајпциг и Валенсија. Во вториот барабан се второпласираните тимови од групите: Реал Мадрид, Тотенхем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион и Челзи.

И оваа ждрепка за првата рунда од нокаут фазата ќе биде полудиригирана, а тоа значи дека екипите од иста земја нема да можат да се сретнат во оваа фаза, како и тие што веќе играле во иста група во оваа сезона. Со тоа бројката на потенцијални противници за секоја екипа се намалува, бидејќи 16 тимови доаѓаат од петте најсилни лиги во светот: Шпанија, Германија, Италија, Англија и Франција.

При ваквата анализа пресметано во проценти е кои тимови имаат најголеми шанси да се судрат во осминафиналето. Најверојатна двојка во осминафиналето со најголем процент е Барселона – Челзи.

Еве ја веројатноста искажана во проценти за тимовите од првиот барабан со кого би можеле да се соочат во осминафиналето:

ПСЖ: Атлетико Мадрид – 18,41%, Челзи – 18,41%, Тотенхем – 17,33%, Борусија Дортмунд – 16,99%, Аталанта – 14,54%, Наполи – 14,54%.

Баерн Минхен: Челзи – 18,89%, Атлетико Мадрид – 18,69%, Реал Мадрид – 18.08%, Аталанта – 15.04%, Наполи – 15,04%, Лион – 14.26%.

Манчестер сити: Атлетико Мадрид – 22,41%, Реал Мадрид – 21,58%, Борусија Дортмунд – 20,62%, Наполи – 18,42%, Лион – 16,97%

Јувентус: Челси – 21,67%, Реал Мадрид – 21,58%, Тотенхем – 20,71%, Борусија Дортмунд – 20.02%, Лион – 16,47%.

Ливерпул: Атлетико Мадрид – 22,41%, Реал Мадрид – 21,58%, Борусија Дортмунд – 20,62%
Аталанта – 18,42%, Лион – 16,97%.

Барселона: Челзи – 23,28%, Тотенхем – 22,01%, Аталанта – 18,55%, Наполи – 18,55%, Лион – 17,61%.

РБ Лајпциг: Атлетико Мадрид – 18.08%, Челзи – 17.98%, Реал Мадрид – 17,61%
Тотенхем – 17,33%, Аталанта – 14,5%, Наполи – 14,5%.

Валенсија: Тотенхем – 22,62%, Борусија Дортмунд – 21,76%, Аталанта – 18.94%, Наполи – 18.94%, Лион – 17,74%.

Треба да знаете
Последни објави