Search

Најголемиот трговски центар во Македонија почнаа со изнајмување простор.

„East Gate Mall“ ќе биде трговски центар од новата генерација и дел од најголемиот мултифункционален проект на пазарот на недвижнини во Македонија – „East Gate“. Структурата на трговскиот центар ќе биде доминатно на две нивоа со голема концентрација на модни брендови, ресторани, храна и забава на едно место.

„Интересот на пазарот за проектот е одличен и очекуваме истиот понатаму да расте. Oчекуваме над 40 отсто од трговскиот центар да биде издаден на брендови што не се присутни на македонскиот пазар“ – изјави Влатко Богоевски, директор на „Фортон Македонија“.

„East Gate“ ќе биде најголемиот повеќенаменски проект на пазарот на недвижнини со планирани над 500.000 квадратни метри бруто изградена површина. Таа вклучува трговски центар, станбен комплекс, како и комплекс од канцелариски згради.

Проектот „East Gate“ е најголемата приватна инвестиција на пазарот на недвижнини во Македонија со вредност од над 350 милиони евра, финансирана од „Балфин Групацијата“ (Balfin Group). По успешната приказна со „Skopje City Mall“ ова е втора инвестиција на оваа групација на пазарот на недвижнини во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави