Search

Најголемиот критичар на Путин замина од Русија

Еден ден откако властите му забранија да ја напушти Русија, водечкиот опозициски активист, Алексеј Навални, отпатува за Стразбур на изрекувањето на пресудата од Европскиот суд за човекови права по однос на тужбата поднесена од него, а во врска со честите приведувања на кои е изложен и кои ги смета за политички мотивирани.

Навални во вторникот беше спречен да отпатува од страна на руската полиција поради неплатена парична казна за која тој тврдеше дека била наметната одеднаш и незаконски, само како изговор за да се спречи неговото заминување од Русија.

Федералната служба, која го блокираше излезот на 42-годишниот Навални од земјата, не одговорила на барањето на агенцијата „Ројтерс“ за коментар во врска со настанот.

Меѓутоа, во вторникот вечерта, агенцијата „Тасс“ потврди дека забраната за патување била укината откако Навални ја платил казната.

Антикорупцискиот активист, адвокат по професија, беше апсен неколку пати во последниве години за време на протести против власта, од кои повеќето беа забранети.

Тој стана главен опозициски активист по големите протести во Русија од 2011 и 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави