Search

Најголемата партија од Белгиската владина коалиција се повлече од владата

Белгискиот премиер Шарл Мишел се соочува со проблеми во владата откако најголемата партија од неговата коалиција даде оставка поради несогласувањата околу договорот за миграција на ОН.

Партијата вели дека ќе ги повлече своите министри од коалицијата поради тоа што Мишел ќе ја даде својата поддршка и потпис на договорот за миграција на ОН во Маракеш во понеделник и покрај силното противење на коалицијата.

Барт де Вевер од Фламанската партија соопшти дека му поставил ултиматум на Мишел, односно дека ќе даде отказ од својата позиција во владата ако премиерот го потпише договорот на ОН за миграција.

Мишел вели дека тој ќе продолжи со администрацијата и ќе дека ќе пристапи кон прераспределба на позиции иако тоа ќе биде тешко за владата бидејќи според законот, говорителите на француски и холандски јазик мора да се подеднакво застапени на министерските позиции.

Белгискиот премиер вели дека ќе ја задржи коалицијата со француската либерална партија „Реформистичко движење“ како и двете фламански партии, централно-десничарската ЦДВ и ВЛД.

„Зборот е збор. Затоа ќе ја бранам Белгија на меѓународната конференција во Обединетите Нации. Портокалово-сината влада е фокусирана на континуитет, одговорност и стабилност,“ изјави Мишел на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави