Search

Највредните четири животни лекции на кои треба да поучите децата

Родителите постојано им одржуваат лекции на своите деца – не се тепај со брат ти, биди вреден, секогаш кажувај ја вистината, биди педантен и слично.

 

Но, кои поуки навистина ќе им послужат во животот? Што е она што се издвојува од останатото?

1. Одмерени и правилни постапки, дури и ако тие не се „популарни“

Прифаќањето на лудориите на „популарните“ другарчиња заради подобро вклопување во околината, како и поистоветувањето со контроверзните славни личности, многу лесно може младата личност во развој да ги насочи во погрешен правец на самоидентификација.

2. Биди свој и не ги споредувај своите способности и умешности со туѓите

Не го споредувајте детето дури ни со повозрасните членови на семејството. Така кај него се јакне чувството на оригиналност и самодоверба, а се минимизираат љубомората и фрустрациите подоцна во животот.

3. Почитувај го соговорникот

Човекот од најмали нозе треба да знае дека со личноста спроти него/неа, секогаш треба да се однесува со еднаква почит, трпение и достоинство.

4. Никогаш не откажувај се

Упорноста и вербата околу она што искрено се сака, на овој или оној начин, секогаш се исплатува. Животот носи многу подеми и падови, но станувањето по секој пад нѐ прави помудри, поумешни, поискусни и посилни.

Треба да знаете
Последни објави