Search

Најбрзиот спринт во Серија А го имал Костас Манолас

Листата на фудбалери кои сезонава истрчале најбрзи спринтови во италијанската Серија А за некои е изненадувачка и ја предводат искусни играчи.

Најголемата измерена брзина на еден играч е 35,41 километри на час, колку што трчал во еден момент Костас Манолас од Наполи. Гркот, кој игра во ист тим со Елиф Елмас, има 28 години.

Второто место го држи 34-годишниот Кристијано Роналдо од Јувентус, со 34,62 километри на час, а трет е Симоне Заза од Торино со 34,56 километри на час. Португалецот својата најголема брзина ја имал при една контра на Јуве во 15-та минута од натпреварот против Наполи. На истиот натпревар, Кристијано 92 метри ги истрчал за 10 секунди, што исто така е импресивен податок.

Спринтови со брзина од над 34 километри на час имале и Манчини од Рома, Џимшити од Аталанта, Лирола од Фиорентина и Клајверт од Рома.

Треба да знаете
Последни објави