Search

Најбогатите луѓе за еден ден загубија над 120 милијарди евра поради коронавирусот

– Петстотини најбогати луѓе на светот загубија за еден ден вкупно 139 милијарди долари (повеќе од 120 милијарди евра), а берзите се „блокираа” по стравувањето дека ширењето на коронавирусот ќе ја загрози глобалната економија, пишува Блумберг.

Тоа е најголема загуба за најмоќните жители на планетава, според листата на најбогати на Блумберг уште од октомври 2016 година, кога првпат е спроведено такво истражување.

Бернар Арно, третиот најбогат човек на светот и генерален директор на производителот на луксузна стока LMVH, загубил 4,8 милијарди долари, а истата сума ја загубил и директорот на Амазон, Џеф Безос. Сопственикот на Зара, Амансио Ортега остана без четири милијарди, а основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг без 3,48 милијарди долари.

Кина, која е епицентар на коронавирусот, сочинува 40 отсто од светскиот пазар на луксузна стока.

Треба да знаете
Последни објави