Search

Најбараниот италијански бегалец вратен во Рим откако беше уапсен во Боливија

Најбараниот италијански бегалец, радикалниот левичар Џезаре Батисти пристигна во Рим, откако претходно беше уапсен во Боливија. Снајперистите го следеа внимателно додека излегуваше од авионот опколен со полиција. Батисти, кој немаше лисици на рацете, потоа беше одведен во посебна просторија на аеродромот, додека се зваршат сите процедури

Полициски извори наведуваат дека за време на долгиот лет од Боливија до Италија тој им раскажувал за неговиот живот и за бегството од Бразил во Боливија.

,,Денес му покажавме на светот дека никој неможе да побегне од италијанската правда”, изјави на аеродромот министерот за правда Алфонсо Бонаферде. Батисти со полициска придружба е спроведен во затвор во западниот дел на Сардинија, каде ќе биде во изолација во наредните шест месеци.

Поранешниот италијански левичар Џезаре Батисти (64) е осуден за убиство и речиси 40 години беше во бегство. Батисти е уапасен од Интерпол во саботата во боливискиот град Санта Круз де ла Сиера.Тој е осуден на доживотен затвор поради вмешаност во четири убиства во 70-те години од минатиот век, како член на левичарската група Вооружени пролетери за комунизам.

Батисти откако во 1981 година побегна од затвор, извесен период живееше во Франција, а потоа пребегна во Бразил, каде што имаше поддршка од поранешниот претседател Луис Ињацио Лула да Силва. По неодамнешната победа на претседателските избори во Бразил, Жаир Болсонаро вети дека Бастисти ќе биде испорачан на Италија. Во декември бразилскиот Врховен суд нареди апсење на Батисти, но тој исчезна.

Боливиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Батисти илегално влегол во Боливија.Батисти е познат и како писател на криминалистички приказни, а мината година изјави дека стравува оти ќе биде мачен и убиен доколку биде екстрадиран во Италија.

Треба да знаете
Последни објави