Search

Најави за протести против поскапување на струјата

На социјалните мрежи за денеска се најавени протести во Скопје, Тетово и Гостивар на кој ќе се бара од институциите да се преиспита одлуката за поскапување на струјата и да се формира ново независно тело на местото на Регулаторната комисија за енергетика.

Граѓаните реагираат и коментари дека зголемените трошоци и загубите на енергетските компании на крајот ќе треба да ги платат граѓаните и стопанството. Некој од коментарите се дека зголемувањето на цената на струјата ќе го влоши и онака нискиот животен стандард, кој веќе е на удар од економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Протест против поскапување на струјата најавија и Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото и ги повикаа сите производствени работници да излезат на протест.

Според пресметките на Регулаторната комисија за енергетика со покачувањето од 7,4 отсто месечна сметка за струја од 1.500 денари ќе биде повисока само за 100 денари. Од регулаторна наведоа дека причина за поскапувањето се зголемените трошоци на енергетските компании поради коноронакризата.

Треба да знаете
Последни објави