Search

Најавен е римејк на “Валканиот танц“

Римејкот на „Валканиот танц“ (Dirty Dancing) во кој глуми истата „бејби“, Џенифер Греј, е во почетна фаза, 33 години откако оригиналот со Патрик Свејзи доминираше на боксофисот.

Шпекулациите започнаа да кружат минатиот месец, а сега е потврдено дека Бејби Хаусман се враќа за уште едно валкано танцување. Во четвртокот, „Дедлајн“ потврди дека актерката Џенифер Греј е пријавена за новото продолжение на иконскиот филм од 80-тите години, како протагонист и извршен продуцент.

„Тоа ќе биде романтичен, носталгичен филм што го чекаа фановите на блокбстерот кој стана најпродаваниот наслов во историјата на компанијата,“ изјави Јон Фелтхајмер. извршен директор на „Лајнс гејт филмс“, потврдувајќи го проектот.

 

Греј, која сега има 60 години, ја имаше главната улога на Бејби во оригиналниот филм од 1987 година. Приказната го прикажува созревањето на една тинејџерка преку врска со инструктор по танц (Патрик Свејзи) на кој таа налетува за време на семејниот летен одмор.

Покрај тоа што заработи приближно 220 милиони долари на светските киноблагајни, со продукциски буџет од само 5 милиони долари, „Валканиот танц“ брзо стана заштитен знак на поп културата, благодарение на електричната хемија помеѓу Греј и Свејзи, оскаровската музика, и, секако, безвременското подигнување како кулминација на танцот.

Треба да знаете
Последни објави