Search

Најавена и автомобилска трка на Месечината

Компанијата која наголемо најавува патувања во Вселената, „Спасе-Икс” планира да организира и трка со автомобили на нашиот природен сателит.

Имено, Компанијата има намера да испрати неколку нестандардни автомобили на Месечината, главно дизајнирани од легендарниот дизајнер Френк Стефансон, познат по работата во БМВ, Ферари, Масерати и Мекларен. Овие возила нема да ги управуваат астронаути на површината на Месечината, туку тоа ќе биде, просто – автомобилска трка на далечинско управување. Според најавата на „Интјуитив машининг”, планот е таа да стане првата приватна компанија што со свои автомобилчиња ќе слета на Месечината со помош на ракетите на  Спејс-Икс – „Фалкон 9″.

Моделите ќе бидат приближно три килограми тешки, а трката на Месечината ќе се одвива со далечинско управување. Автомобилчињата ќе бидат делумно дизајнирани и управувани од тимови американски средношколци кои се пријавија на натпреварот и успешно решија голем број првични, подготвителни прашања и задачи.

При дизајнирање на автомобилчето, тие ќе мора да ги земат предвид посебните услови што владеат на Месечината – од филтрирање на прашина, гравитацијата, тежина, разни материи, издржливоста и стабилноста на самите возила, до дизајнирањето систем што ќе им помогне на возилата да се вратат на тркалата доколку се превртат наопаку, зашто на Месечината нема да има луѓе да помогнат во тоа…

Натпреварувачите ќе ги контролираат своите „автомобили” од далечина, на тежок терен, и сè ќе се снима.

Трката треба да се одржи околу песочните дини во областа Оушианус Процеларум, и првично, е во согласност со правилата на мотоспортовите. Патеката ќе ја осмисли познатиот дизајнер на патеки во Формула 1, Херман Тилке. Точниот датум на трката сè уште не е познат.

Треба да знаете
Последни објави