Search

Начевски и Николов ќе судат полуфинале на ракометното ЕП 2022

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел и од завршниот викенд од ракометното Европско првенство (ЕП) 2022. За разлика од последното ЕП на кое одлично го судеа финалето меѓу Шпанија и Хрватска, македонските арбитри овојпат ќе бидат задолжени за полуфинална пресметка, и тоа онаа првата што ќе биде на утрешната програма со почеток во 18 часот, а во која силите ќе ги одмерат Шпанија и Данска.

Ова ќе биде и последен меч за Начевски и Николов на овој шампионат, со оглед на фактот дека се делегирани судиите до крајот на ЕП 2022.

Треба да знаете
Последни објави