Search

Начевски и Николов први ќе делат правда во новата сала во Сегед

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја има таа чест да дели прва правда на отворањето на новата спортска арена во Сегед, каде унгарскиот првак ПИК Сегед на 9 декмври ќе го одигра мечот од 10. коло во Лигата на шампионите против германскиот Кил. Средбата е закажана за 9 декември (20:45 часот), а ЕХФ одлучи овој натпрервар од групата А, во ЛШ да им го довери на македонските судии.

Ова ќе биде историски натпревар за унгарскиот тим, бидејќи ќе биде првиот со кој ќе биде отворена новата арена во Сегед. Сите 8.300 билети се продадени за само 17 минути и салата ќе биде исполнета до последното место.

Во оваа сала ќе се играат натпревари и од Европското првенство за мажи кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка во јануари идната година.

Треба да знаете
Последни објави