Search

Началничка на РЦ Север си внесувала дополнителни часови за прекувремена работа

Началничка на Регионланиот центар – Север ја злоупотребила службата со тоа што си внесувала доплнителни часови за прекувремена работа и го оштетила МВР за 110.000 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Ј.М. началник на ОЗР во РЦ за ГР Север за злоупотреба на службената положба и овластување.

Истрагата утврдила дека пријавената во периодот од 20 март 2016 година до 26 април 2018 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на овластувањето, во 56 наврати внела невистинити податоци за работа подолга од полното работно време со што и биле исплатени околу 110.000 денари со што директно го оштетила буџетот на МВР.

Против пријавената е покрената и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Треба да знаете
Последни објави