Search

Началникот на ГШ на израелска армија и двајца генерали во самоизолација

Началникот на Генералштабот на израелската армија Авив Кохави и двајца други генерали од денеска се во самоизолација по состанок со офицер кој подоцна бил тестиран позитивен на Ковид-19, соопшти војската.

Средбата се одржала на 22 март, што значи дека треба да останат во карантин до крајот на оваа недела, освен ако нивните тесотви на коронавирусот не бидат позитивни.

Кохави ќе биде во изолација во својата канцеларија и ќе работи нормално за ова време.

Пред него и уште двајца генерали се во самоизолација.

За генерал-мајорот Ахарон Халиву кој е директор на Дирекцијата за операции во израелската војска, ова е втора изолација овој месец.

Треба да знаете
Последни објави