Search

Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски во посета на вооружените сили на БИХ и мисијата на ЕУ-АЛТЕА

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска до 2. ноември годинава ќе престојува во официјална посета на вооружените сили на Босна и Херцеговина и мисијата на Европската Унија- АЛТЕА.

Во рамки на посетата, како што најавија од ГШ на Армијата, во текот на утрешниот ден во Сараево, генералот Ѓурчиновски ќе ги посети Министерството за одбрана и Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

За време на престојот во Сараево, генералот Ѓурчиновски ќе ја посети и командата на мисијата ЕУФОР-АЛТЕА, каде покрај официјалните средби со военото раководство ќе ги обиколи нашите припадници кои извршуваат задачи во рамки на мисијата.

Треба да знаете
Последни објави