Search

Нацрт-законите за војската на Косово поминаа на Комисијата за евроинтеграции

Комисијата за европски интеграции на косовското Собрание претпладнево едногласно ги усвои нацрт законите со кои се предвидува трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пакетот закони предложен од Владата на премиерот Рамуш Харадинај се состои од нацрт-законите за ФСК, за Министерството за одбрана и за службување во ФСК.

Претседателката на Комисијата, Блерта Делиу-Кодра, по седницата изјави дека во текот на денешниот ден пакетот закони ќе се најде и на седница на Претсеедателството на Собранието, на која ќе се одреди и датумот за гласање по нив, во второ читаање, на пленарна седница.

Во првото читање законите беа поддржани од сите присутни пратеници на седницата, освен од оние од Српската листа, кои ја бојкотираа расправата и гласањето

Треба да знаете
Последни објави