Search

Националниот стадион во Варшава ќе се претвори во привремена ковид болница

Полска на националниот стадион во Варшава планира да отвори привремена ковид болница поради зголемувањето на бројот на пациенти со коронавирус, изјави денеска портпаролот на полската влада, Пјотр Мулер.

Британските медиуми го цитираат Мулер, наведувајќи дека конференциските сали на стадионот ќе бидат претворени во болница со околу 500 легла.

Полските здравствени власти наведуваат дека здравствениот систем им е преоптоварен поради зголемувањето на бројот на пациенти со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави