Search

Нафтовод на Саудиска Арабија нападнат од беспилотни летала

Две нафтени пумпни станици во Саудиска Арабија беа нападнати од беспилотни летала, изјави  министерот за енергија, индустрија и минерални суровини, Калид бин Ал-Фалих, пренесува „Спутник“.

Според министерот, нападот, кој резултирал со пожар на станицата бр. 8, се случил помеѓу 6:00 часот и 6:30 часот по локално време. Тој посочи дека и покрај инцидентот, производството и извозот на саудиска нафта ќе продолжи без прекин.

Станиците опслужуваат голем исток-запад нафтовод кој пренесува сурова нафта од нафтените полиња во источната провинција до пристаништето Јанбу на западниот брег.

Инцидентот се случи неколку дена откако министерот рече дека два саудиски брода биле нападнати во саботажен напад во близина на ОАЕ. Според „Ројтерс“, еден од бродовите одел на товарење со саудиска сурова нафта од пристаништето Рас Танара, која требало да биде доставена до клиентите на „Арамко“ во САД пред нападот.

Треба да знаете
Последни објави