Search

Нафтата поскапе по веста за иранското соборување на американско беспилотно летало

 Цената на нафтата се зголеми за околу три отсто поради ескалација на тензиите на Блискиот Исток откако еден американски официјален претставник изјави дека иранската ракета соборила американски воен дрон.

Дрон е соборен во меѓународниот воздушен простор над Ормускиот Проток од иранска ракета „земја- воздух”, изјави неименуван американски официјален претставник.

Во претходните извештаи од Иран се наведува дека Националната револуционерна гарда соборила „шпионски” дрон во јужната покраина Хормозган.

Стравот од конфликт меѓу Иран и САД ескалира, а Вашингтон го обвини официјалниот претставник на Техеран за минатонеделниот напад врз танкерите, што Иран остро го негираше.

Сето ова предизвика цената на суровата нафта од типот „брент” да се зголеми за 1,93 долари или 3,1 отсто на 63,75 долари за барел, откако во еден момент достигна 63,88 долари.

Во исто време, американската „лесна” нафта (ВТИ) поскапе за 1,73 долари или 3,2 отсто на 55,49 долари за барел.

Треба да знаете
Последни објави