Search

Научно докажано: Швајцарците најчесни во светот, Македонија ја нема во истражувањето

Луѓето најверојатно ќе го вратат изгубениот паричник на сопственикот ако има пари во него. Но мора да има многу пари.

Ова е заклучок на студијата објавена во четвртокот во списанието Science: Civic honesty around the globe(Граѓанска чесност низ светот). Откако во 355 градови во 40 земји “оставиле” дури 17.000 паричници со или без пари, бројките го кажаа своето: само 40 отсто од луѓето ќе го вратат на сопственикот празниот паричник (односно со документи), а 51 отсто ако во него има пари. Процентот се зголемува ако износот во паричникот надминува 100 долари.

Во секој паричник имало листа за набавки од продавница, три визит-картички на локалниот јазик, а во некои и клуч.

“Доказите сугерираат дека луѓето се обидуваат да се грижат за благосостојбата на другите како и да имаат аверзија другите да ги доживуваат како крадци”, вели Ален Кон од Универзитетот во Мичиген. И Кристијан Зуенд од Универзитетот во Цирих вели дека клучната причина е тоа што станува посилно чуството да се доживееш себе си крадец како што се зголемува сумата пари во паричникот.

Научниците исто така направија глобална скала на чесност. На прво место, многумина би се зачудиле, е Швајцарија. Таму 74 отсто од празните и 79 проценти од паричниците со пари биле вратени на сопственикот. На дното на листата е Кина: само 7 проценти празни и 22 отсто полни паричници им се вратени на сопствениците.

Македонија, за жал не е на листата истражувани земји. Од регионов на листата се Србија на 11 и Хрватска на 13 место, но около 60 отсто Срби би вратиле полн паричник, за разлика од Хрватите од кои 70 отсто би го направиле истото.

Треба да знаете
Последни објави