Search

Научно докажано: Ако сте добри луѓе, ќе бидете сиромашни

Добрите луѓе се изложени на поголем ризик од финансиски тешкотии и банкрот, покажува истражување на американски психолози.

Истражување покажа дека луѓето со топол карактер имаат помалку заштедени пари и поголем долг од оние со помалку пријатен карактер.

Причината за тоа не е што се слаби преговарачи, како што отпрвин се веруваше, туку затоа што парите им се помалку важни.

Џо Гледстоун од Универзитетот во Лондон вели дека врската меѓу карактерот и материјалниот статус го покренува фактот дека пријатните, мили луѓе помалку се грижат за парите и затоа лошо управуваат со нив.

Научниците до ова сознание дошле преку анализа на податоци на повеќе од 3 милиони луѓе.

„Кога сте мили и доверливи тоа со себе носи одреден финансиски губиток, посебно за оние кои немаат начин да го компензираат својот карактер“, изјави  коавторката на студијата.

До слични заклучоци научниците дојдоа и претходно, едно истражување откри дека во животот добро им оди на мажи со тежок карактер на возраст меѓу 40-тите и 60-тите години од животот.

Треба да знаете
Последни објави