Search

Научници тренираат крави да одат во тоалет, така ќе се спасела планетата

Холандски и германски научници успешно обучиле крави да уринираат во посебни простории, со надеж дека ова ќе помогне да се намали загадувањето на водата и емисијата на стакленички гасови.

Истражувачите Линдзи Метју и Даглас Елиф работеа со 16 телиња на фарма, управувана од Истражувачкиот институт за биологија на животни во Германија.

Тие тврдат дека се покажало оти телињата можат да се обучат да ја задржат урината, која потоа била собирана и третирана.

„Урината на кравата има многу азот, па ако кравите научат барем повремено да уринираат во тоалетот, азотот би можел да биде собран пред да ја загади водата или да се претвори во гас од азотен оксид“, велат научниците.

За време на истражувањето, во моментот кога кравите почнувале да уринираат на погрешно место, научниците активирале вибрација на ремчињата.

Оние, пак, кои уринирале во посебните простории, биле наградувани со храна.

Животните кои уринирале во посебните простории биле наградувани со храна

„На овој начин некои ги тренираат своите деца – ги ставаат во тоалет, чекаат да уринираат, а потоа ги наградуваат ако го сторат тоа“, рече Метју, додавајќи дека се испоставило оти истото важи и за кравите.

До крајот на 15-дневната обука, три четвртини од животните уринирале во тоалетот.

„Ако можеме да собереме 10 или 20 проценти од урината, значително ќе ги намалиме емисиите на стакленички гасови и емисиите на азот во природата“, рече Елиф.

„Реакцијата на луѓето е -‘луди научници ‘, но всушност, темелите се таму“, рече Метју.

Треба да знаете
Последни објави