Search

Научници создадоа ембриони од носорог во исчезнување

Научници создадоа два ембриона од северниот бел носорог, како дел од напорите да се спаси ова животно од исчезнување, пренесе ДПА.

Во август стручни лица успешно зедоа јајце-клетки од последните две живи женки од овој вид – Наџин и Фату, коишто се наоѓаат во Кенија. Примероците потоа беа испратени во лабораторија во Кремона, Италија, каде што се изврши вештачко оплодување со сперма од угинати мажјаци од истиот вид.

– Сведоци сме на важен настан, по сите пречки со кои се соочивме, кој ни овозможува да ги планираме идните чекори во програмата за спасувањето на северниот бел носорог, изјави Томас Хилдебранд од германскиот Институт за истражувања во врска со животните и дивата природа „Лајбниц”.

– По десетдневен инкубативен период, две од јајце-клетките на Фату се развија во ембриони со својства на нов живот и тие складирани за иден трансфер, изјави Чезаре Гали од лабораторијата „Авантеа” во Кремона.

Сѐ ова е резултат на повеќегодишна програма за размножување на носорозите.

Во Судан последниот машки северен бел носорог угина минатата година.

Треба да знаете
Последни објави