Search

Научници: Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни

Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни, има недоследности и повторување како „копи/пејст”. Тоа го предупредија 38 научници, чија позиција беше објавена во списанието „Nature”. Изданието потсетува дека руските податоци беа објавени овој месец во медицинското списание „The Lancet”.

Во отворено писмо до руските автори, научниците истакнуваат дека објавените резултати од раната фаза на истражувањето се претставени само во форма на графикони, без специфичните податоци врз кои се градени тие графикони.

Италијанскиот молекуларен биолог Енрико Бучи истакнува дека во руската публикација во „Лансет” е претставено мерење на нивото на имуните клетки во крвта на 9 групи волонтери врз кои се тестирани различни формули за вакцини. Во две од овие групи, податоците се покажаа исти.

– Шансите ова да се случи во природни околности се мали, вели Бучи.

Научниците велат дека тие не обвинуваат, но за да се направи соодветна проценка, потребна е подетална презентација на оригиналните податоци. Во исто време, се забележува дека објавувањето на таквата студија без детални податоци е многу невообичаено однесување во научната заедница.

Од „Nature” бараат појаснување од авторот на руската публикација за вакцината во истражувачкиот центар Гамалеи, Денис Логунов, но тој одби да даде коментар.

Руската вакцина е регистрирана без задолжителна трета фаза на испитувања според светските фармацевтски стандарди и без објавување на податоците од претходните фази.

Треба да знаете
Последни објави