Search

Научници открија невронска мрежа за откривање Ковид-19

Невронска мрежа за откривање на инфекција со новиот коронавирус со помош на рендгенски зраци и слики од компјутерска томографија открија научници од Новосибирск.

– Мрежата има база на податоци со 10.000 слики, изјави шефот на одделот за применета информатика на Државниот универзитет за економија и менаџмент во Новосибирск, Сергеј Терешченко, на форумот за урбани технологии.

– Користејќи слики, лекарите треба да утврдат дали има (во белите дробови) какви било патолошки промени. Второ, ако има пневмонија, потребно е да се дефинира природата на оваа пневмонија, бидејќи пневмонијата предизвикана од ковид е малку поинаква од пневмонијата предизвикана од други фактори. За да го решиме тој проблем, решивме да го искористиме методот на компјутерски вид, рече Терешченко.

Тој објасни дека методот на компјутерски вид вклучува создавање на невронскаа мрежа што ќе го идентификува оштетувањето на белите дробови користејќи податоци – податоци што се состојат од голем број различни слики на белите дробови.

Треба да знаете
Последни објави