Search

Научниците тврдат дека бебето најмногу зборови учи од својот татко

Резултатите од новото истражување, кое е спроведено на универзитет во Фудан, Кина, покажало дека бебињата најмногу зборови учат од нивните татковци.

Студијата го водела  научник која го истражувала учењето на вокабуларот на поинаков начин. Според резултатите, двајцата родители имаат значајно влијание на развојот на говорот кај децата, но на различни подрачја.

Научниците ја истражувале поврзаноста помеѓу разликата во говорот и генетските црти на таткото и мајката. Констатирале дека постои силна врска помеѓу гените на таткото и лексичките карактеристики, и помеѓу мајчинските гени и фонемските карактеристики.

Со оглед на тоа дека постои директна врска помеѓу „Y“ хромозомот, кој го пренесува само таткото, и лингвистичките варијации – заклучиле дека бебето најмногу зборови може да научи од таткото. Сепак, со оглед на тоа дека мајката поминува најголем дел од времето со бебето, детето од неа го наследува изговорот и звукот.

Треба да знаете
Последни објави