Search

Научниците создале вештачка кожа која ја менува бојата

Научниците од универзитетот Кембриџ користеле наномашини – микроскопски мали роботи, за да создадат вештачка кожу која која ја менува бојата на светлина, пренесува веб-сајтот „ЦНЕТ“.

Материјалот се состои од ситни честички злато обложени со полимерна школка, кои потоа се ставаат во микроскопски капки вода во масло. Кога се изложени на топлина или на светлина, честичките се спојуваат и бојата на кожата се менува.

Научниците го моделирале дизајнот на кожата според кожата на животните како камелеоните и сипите кои можат да ја променат својата боја благодарение на хроматофорите во нивната кожа.

Бојата на кожата се одредува според оддалеченоста на честичките. Ако наночестичките се рашират, бојата ќе биде црвена, а ако се споени, изгледааат темносини. Засега, со оглед на тоа дека истражувачите развиле само еден слој, кожата се може променити само во една боја. Со додавање на повеќе слоеви, промената на бојата на кожата би можела да биде подинамична.

Треба да знаете
Последни објави