Search

Научниците конечно со одговор дали постои пријателство меѓу машко и женско

Научниците конечно со одговор дали постои пријателство меѓу машко и женско

Расправата за тоа дали постои машко-женско пријателство трае со години, а научниците од Универзитетот во Висконсин одлучиле да го пронајдат одговорот на тоа прашање.

Професорката по психологија Април Блеск-Речек спровела анкета на 200 доброволци прашувајќи ги дали чувствуваат привлечност кон своите пријатели од спротивниот пол.

Резултатите покажале дека машките почесто чувствуваат привлечност кон своите пријателки, отколку обратно, а исто така се склони да веруваат и дека нивните пријателки го чувствуваат истото.

Анкетата покажала дека дури 42 отсто од машките одговориле дека чувствуваат привлечност кон своите женски пријателки, додека само 29 проценти од женските признале такви чувства.

„Верувам дека машките и женските сакаат да бидат пријатели и да се впуштат во платонски однос, но резултатите кои ги добив покажуваат дека во тоа секогаш ги спречува привлечноста“ изјавила водителката на истражувањето.

Исто така се покажало дека на женските ваквите проблематики многу тешко им паѓаат, како и дека сексуалната привлечност им го отежнува пријателскиот однос, додека машките немаат проблем со тоа.

Април тврди дека машко-женските пријателства всушност не може да опстојат бидејќи таков однос не е природен со оглед дека се работи за релативно нова појава во еволуцијата на општеството.

Треба да знаете
Последни објави