Search

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ракопис на познатиот физичар Алберт Ајнштајн, во којшто тој ја подготвувал својата Теорија на релативноста, е продаден на аукција за рекордни 11,6 милиони евра, во Париз.

Претходните рекорди за ракопис на Ајнштајн беа 2,4 милиони евра, исплатени по наддавањето во 2018 година за еден напис за Бог и – 1,39 милиони евра во 2017., во Ерусалим, за писанието за тајната на среќата. Штотуку продадениот документ се проценуваше на два – три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордни ракописи, овој запис е научно дело.

Станува збор за ракопис на 54 страници напишан 1913 – 14 година во Цирих, Швајцарија, од Ајнштајн и неговиот соработник Микеле Бесо.

Аукциската куќа „Кристи”, каде што се одржа лицитацијата, пред продажбата соопшти дека ваквите документи се многу ретки за тој период и воопшто за периодот пред 1919 година.

Треба да знаете
Последни објави