Search

Наутро не треба да пиете сок од цеден портокал

Портокалите сите ги сакаме бидејќи знаеме дека го подобруваат имунолошкиот систем, а се верува и дека го прочистуваат целиот организам. Постојат уште многу причини поради кои сакаме денот да го започнеме токму со цеден сок од портокал…

Оваа работа всушност стана рутина кај многу луѓе во светот. Меѓутоа, нутриционистите советуваат да ја промениме таа навика.

Портокалот во сиров облик има гликемиски индекс 45, што е идеално, а кога ќе се исцеди тој се зголемува на 54. Гликемискиот индекс ја претставува брзината со која расте нивото на шеќерот во крвта по консумирањето на одредени намирници. Е токму затоа портокалот треба да го јадеме на кришки, а не цеден, појаснуваат тие.

Колку шеќерите во намирниците се прости (глукоза, сахароза), толку побрзо расте нивото на шеќер во крвта.

Не се само калориите најважни. Многу намирници кои имаат ниска калориска вредност имаат висок гликемиски индекс, па иако многумина мислат дека не дебелеат, тие сепак создаваат масти.

Треба да знаете
Последни објави