Search

Наум Петрески стана дедо, се породи неговата ќерка Анастасија

Наум Петрески стана дедо, се породи неговата ќерка Анастасија

Анастасија, ќерката на фолк-пејачот Наум Петрески вчера стана мајка.

Таа роди ќерка на која со сопругот, пејачот Владимир Поповски ѝ го дадоа името Андреа.

Ова е прво дете на двојката, која што се венча на почетокот на годинава, скоро една година откако се свршија.

Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, а Андреа е негова прва внука.

Прва на Фејсбук се пофали сестрата на Анастасија, Сања.

Ќерката на македонскиот фолк-пејач Наум Петрески, Анастасија Петреска, пред неколку месеци се омажи за фолк пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски, а пак година дена пред тоа токму на Божиќ тој ја побара за жена.

Владимир пред неколку недели пак за жал заврши со повреда на ногата од која е на патерици и на домашно лекување, а токму Наум е тој кој многу им помага во овие моменти.

Треба да знаете
Последни објави