Search

Наумче Мојсовски е нов директор на Агенција за млади и спорт

Поранешниот ракометар и долгогодишен репрезентативец на Македонија, Наумче  Мојсовски е нов директор на Агенцијата за млади и спорт. Стружанецот на денешната седница е именуван за нов директор и наследник на Дарко Каевски, кој во овој мандат ќе биде пратеник во собранието.

Мојсовски е дел од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, по завршувањето на играчката кариера активно е вклучен во сите ракометни активности, а сега неговите ингеренции се однесуваат на целиот македонски спорт и спортското движење.

Мојсоски ги носеше дресовите на Пелистер, Вардар и Металург, а во интернационалната кариера играше за Натурхаус Ла Риоха од Шпанија и Лехвија од Катар. За Македонија запиша над 180 пати, а најголем успех му е петтото место на Европското првенство во Србија во 2012 година.

Наумче Мојсоски е идеално решение за оваа функција со оглед на неговото долгогодишно искуство, контакти со спортските круги и добра информираност за општата состојба во македонскиот спорт.

Агенцијата за млади и спорт комплетно го подигна спортот во нашата земја во последните неколку години, посебно со воведувањето на ваучерскиот систем, со кој многу клубови застанаа на здрави нозе и ги решија егзистенционалните проблеми.

Треба да знаете
Последни објави