Search

Наумоски: Антиќ нека се извини или ќе добие тужба

Поранешниот претседател на КФСМ, Петар Наумоски најави тужба против новите челници на федерацијата поради обвинувањата на негова адреса, дека „федерацијата во минатото плаќала и магацински простор, на поранешниот простор кој го користел Наумоски за приватни цели, во износ од околу 500-600 евра месечно“, пренесува „Спортмедија“.

„Пред се би сакал да ги информирам дека ќе добијат допис од моите адвокати, јавно да се извинат за изнесените превртени зборови и работи. Ако тоа не го сторат, ќе си добијат соодветна тужба, па во суд нека го докажуваат она што го зборуваат. Јас само би ги прашал: Дали федерацијата имала, има и ќе има потреба од магацински простор? Дали користела магацински простор“ – прашува Наумоски.

Според него, во изминативе 4 месеци има толку глупи, несмасни, неискусни и против кошаркарски одлуки донесено, што навистина ретко која раководна структура би можела да ја направи.

Треба да знаете
Последни објави