Search

Наумовски надминување на блокадата од Бугарија на патот кон ЕУ за Македонија очекува по изборите кај источниот сосед

Универзитетскиот професор, поранешен вицепремиер и амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ за  надминување на блокадата од Бугарија и почеток на преговори со ЕУ изјави дека ситуацијата може да биде надмината дури по завршување на изборите кај нашиот источен сосед кој ќе се одржата во март иднава година.

Според Наумовски од Бугарија периодов не доаѓаат сигнали кои би можело да се протолкуваат како можност за надминување на блокадата уште за време на германското претседавање со Унијата, до крајот на годинава.

-Во изминатите денови, недели, она што го слушаме од официјалните претставници на бугарската влада е излив на негативни чувства кон Македонија, кон македонскиот народ, што се граничи со понижување и навреди и мислам дека тоа не придонесува кон подобрување на шансите за успех… Бугарија е веќе навлезена во предизборна кампања. Ова прашање, за жал, веќе е тема во дневната политика. Мислам дека за време на наредното шестмесечно претседателство би биле поголеми шансите да се направи исчекор, рече Наумовски.

Треба да знаете
Последни објави